Животни
Животните се многуклеточни хетеротрофни организми, од кои поголем дел минуваат одредени растојанија во потрага по храна, а друг, помал дел, има седентарен начин на живот. Науката што ги проучува животните се нарекувазоологија. Порано, во животинското царство било вклучени и праживотните и некои други претставници, но со денешните поделби на живиот свет, тие се во посебно царство - протисти.
Животните се делат на: месојадни, сештојадни и тревопушни.
Од еколошки аспект, животните претставуваат потрошувачи (консуматори) во рамките на екосистемот. Може да се исхрануваат со растителна (хербивори или растенојади), животинска (карнивори, месојади) или мешана храна (омнивори, сештојади). Исто така, одредени без’рбетници и ’рбетници се исхрануваат со мртва органска материја (сапрофаги) и со тоа придонесуваат за побрзо разградување на органската материја, правејќи ја полесно достапна за редуцентите - бактериите. Со својата хетеротрофност, животните всушност вршат природна контрола врз бројноста на популациите од живи организми во природата.
eve neshto novo! :P
ReplyDeleteako sakash da doznajsh che chitash :d
ReplyDeletemnogu ubavo :)
ReplyDeletemmm interesno :))
ReplyDelete